По Полска, Камала Харис денеска ќе отпатува за Романија

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Камала Харис денеска ќе отпатува во Романија за да разговара за растечката бегалска криза во регионот, еден ден откако разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Украина и Русија не доведоа до прекин на конфликтот.

Харис ќе се состане со претседателот Клаус Јоханис во Букурешт, втората станица од нејзината тридневна турнеја низ Источна Европа.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

Во меѓувреме, САД, заедно со Групата седум индустриски сили и Европската унија, ќе преземат чекори за да го отповикаат статусот на Русија „најповластена нација“ за да го зголемат притисокот врз неа за да се стави крај на војната во Украина.

Харис во четвртокот се состана со полските водачи и украинските бегалци во Варшава и понуди американска поддршка за повиците за меѓународна истрага за наводите за руски воени злосторства.

Нејзината посета на Полска дојде во време на несогласувања меѓу САД и Полска околу испораката на воени авиони за Украина.

 

Американскиот Конгрес одобри речиси 14 милијарди долари помош за Украина

 

Полскиот претседател Анджеј Дуда побара поголема помош за украинските бегалци кои бегаат од конфликтот и рече дека побарал од Харис да го забрза приемот на бегалците од Вашингтон кои сакаат да заминат во Соединетите држави, каде што имаат членови на семејството.

Најмалку 1,43 милиони Украинци побегнаа во Полска од почетокот на инвазијата на 24 февруари. За тоа време, повеќе од 291.081 Украинец побегнале во Романија.

Вкупно, повеќе од 2,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина до 10 март, според Обединетите нации, кои предупредија дека до пет милиони луѓе би можеле да ја напуштат Украина.

 

Подољак: Големите украински градови се под разорни напади

 

Тоа би го направило конфликтот во Украина најголема хуманитарна криза во Европа од Втората светска војна.