Белата куќа „не е изненадена“ од резултатите од претседателските избори во Русија, соопшти претставникот.
– Не сме изненадени од резултатите од изборите, изјавил за новинарите заменик портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли.
Тој додава дека засега не се планира телефонски разговор Путин – Трамп.
Инаку Владимир Путин победи на претседателските избори во Русија со повеќе од 76 отсто од гласовите. Тоа е најдобар резултат на некој претседател во историјата на парламентаризмот во Русија.