На сите им се случило кога ќе испијат малку повеќе, да направат нешто глупаво, а Британец од Стафордшир дури законски го сменил името во Селин Дион.
Томас Дод, како што го нарекувале до пред неколку дена, е огромен обожавател на канадската пејачка. За време на Божиќните денови, Томас гледал неколку нејзини концерти со неколку чаши повеќе, а една вечер дури испратил барање за официјална промена на името и платил 90 фунти за тоа.
Платил и дополнително за осум сертификати, со кои можел да докаже дека се вика Селин Дион.
Иако бил изненаден кога го добил пликот со документите, Дион вели дека не планира да го врати старото име.
Tier 4 is the least of my worries – I’ve just got home to some post. Apparently at some point over Christmas I’ve had one too many vinos and legally changed my name to Celine Dion! pic.twitter.com/ZchXWiqhUw
— Celine Dion (@ThomasDodd1) December 30, 2020
„За малку ќе се онесвестив во кујната кога го отворив пликот“, изјави Лајв за Бирмингем.
Сепак, тој сега го прифатил своето ново име.
„Првичната грижа беше како ќе одам во одделот за персонал на работа за да им кажам дека го сменив името. Сега мислам дека тоа би бил одличен начин да се искористиш приликата зад сцената. Само се молам полицијата да не ме запре на патот“, вели Дион.
Неговата мајка, сепак, не е многу воодушевена.
#NewProfilePic pic.twitter.com/AFdAgqBlxn
— Celine Dion (@ThomasDodd1) June 27, 2020
„Не беше многу смешно за мајка ми. Иако и објаснив дека можеше да биде многу полошо. Можев да се наречам Борис Џонсон “, рече низ смеа Дион.