Случај на детска парализа е забележан во Африка за прв пат по пет години, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Здравствените власти во Малави прогласија епидемија на детска парализа тип 1, бидејќи е пријавен случај во главниот град Лилонгве, се вели во соопштението на СЗО.
Тригодишно девојче било заразено од детска парализа.
Лабораториските анализи покажаа дека сојот во Малави е ист како оној пронајден во Пакистан, соопшти Министерството за здравство на Малави.
Авганистан и Пакистан се единствените две земји во светот каде детската парализа е ендемична болест.
„Откривањето на оваа болест надвор од двете земји каде што е ендемична, Пакистан и Авганистан, предизвикува сериозна загриженост.
„Оваа вест покажува дека е важно вакцинацијата против детска парализа да биде прва на листата на приоритети“, објави Глобалната иницијатива за искоренување на детската парализа, пренесува Ројтерс.
СЗО соопшти дека земјите од африканскиот континент многу брзо би можеле да започнат заедничка акција како одговор на борбата против ширењето на болеста.
Претходен случај на детска парализа во Африка беше забележан во 2016 година во нигериската држава Борно.
Во август 2020 година, СЗО објави дека повеќе нема детска парализа во Африка.
Предизвикана од дивиот полио вирус, детската парализа е заразна болест која главно ги погодува децата на возраст под пет години, ја напаѓа коскената срцевина и може да предизвика неповратна парализа и смрт кога ги зафаќа мускулите на градниот кош.