По низа победи ракометарките на Куманово утревечер со почеток во 19 часот во спортската сала на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го пречекуваат составот на Металург во рамките на Женскиот супер куп.
Мотивирани и подготвени се ракометарките на Куманово кои во изминатите неколку кола од лигата направија одлични резултати извојувајќи неколку победи на гостински терен. Како што вели тренерот Атнонио Ивановски, по низата победи тргнуваат по уште една, иако се свесни дека имаат исклучително тежок противник.
Сите знаеме дека Металург е една од најквалитетните екипи во Македонија, во реугларниот дел на првенството се наоѓа на 1во место во Женската ракометна лига, ние сме трети на табела, едноставно кажано дерби во Купот на Македонија. Ние утре едвај го очекуваме натпреварот, очекуваме да одиграме многу квалитетен натпревар, борбен, девојките се мотивирани сакаат да дадат се од себе, едноставно целиот клуб го чекаме утрешниот натпревар. Знаеме дека не сме фаворити, Металург има фаворитска улога, ќе дадеме се од себе – изјави Ивановски.
И оваа година, ЖРК Куманово ќе биде дел од европските натпреварувања, но ќе се бори и во полуфиналето од домашната лига.
Освен овој куп натпревар ни остануваат уште пет кола до крај, ние официјално го освоивме третото место уште пред многу кола, пред нас се пласирани само Вардар и Металург, оваа година ќе учествуваме во европските натпревари. Во јули месец илиа вгуст ќе го дознаеме европскиот противник, по завршетокот на првенството не очекува фајл фор во првиот натпревар играме со екипата на Вардар во полуфиналето – додаде Ивановски.
Викендов ракометарките на Куманово остварија убедлива победа врз составот на ЖРК Пелистер од Битола со што го зацврстија третото место во табелата од домашната женска ракометна лига.