Израелското Министерство за надворешни работи денес објави дека израелските амбасади и конзулати низ целиот свет ќе бидат затворени по нападот на Израел врз Иран.
Во соопштението се наведува дека нема да се обезбедуваат конзуларни услуги, објави „Тајмс оф Израел“.
„Израелските мисии низ целиот свет ќе бидат затворени и нема да се обезбедуваат конзуларни услуги“, се вели во соопштението.
Министерството, исто така, им советуваше на сите Израелци во странство да пополнат формулар за нивната локација и моментална состојба.
Сличен формулар издаде министерството по нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската милитантна група Хамас за координирање на враќањето на резервистите и организирање на летови за спасување доколку е потребно.