Претседателот на Русија Владимир Путин рече дека воздушниот удар врз Сирија кој ноќва го изведоа САД, Велика Британија и Франција претставува грубо кршење на меѓународното право.
– САД и нивните сојузници гаѓаа цивилни и воени објекти во Сирија, кршејќи ја Повелбата на ООН и меѓународното право, рекол рускиот претседател Владимир Путин, реагирајќи на интервенцијата во Сирија.
– Со овие акции, Вашинтгон само потикнува нов бран азиланти од Сирија и целиот регион, вели рускиот лидер.
Рускиот претседател нагласи дека Вашигнтон со своите акции потикнува тероризам и носи страдање за граѓаните на Сирија.
– Групата западни земји на најциничен начин го занемари фактот дека експертите на Меѓународната организација за хемиско оружје требаше да спроведат истрат, а и пред резултатите започнаа со воената операција, заклучува Путин.
Путин рекол дек асегашната ескалација околу Сирија има разорно влијание на целиот систем меѓународни односи.
Путин наведе дека Русија свикува итен состанок на Советот за безбедност при ОН за агресивните акции на САД и нивните сојузници во Сирија.
САД, Франција и Британија воената операција против Сирија ја започнаа околу 3:25 часот по централноевропско време.