По напад, целиот дел од Запорожје под руска контрола остана без струја

Сподели со своите пријатели

Целиот дел од Запорожје, кој е под руска контрола, остана без електрична енергија поради нападот на украинските сили, но тоа не влијаеше на нуклеарната централа, објавија синоќа руските новински агенции.

Loading...

„Поради гранатирањето од страна на украинските вооружени сили, опрема со висок напон беше оштетена во северозападниот дел од Запорожје. Нема електрична енергија во целиот регион“, објави РИА, повикувајќи се на шефот на руската администрација на Запорожјето, Евгениј Балицки.

Прекинот на електричната енергија не влијаеше на нуклеарната централа Запорожје, објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на службено лице во електраната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски до Европа: „Прашајте ги разузнавачките служби за руските планови во Белорусија ова лето“