По Куманово и Скопје, Лев Тахор завршија во Охрид

Сподели со своите пријатели

Членовите на радикалната еврејска верска група Лев Тахор моментално се наоѓаат во Охрид.

Loading...

Ова е трет град по нивното пристигнување во државата, откако брзо станаа несакани гости во Куманово, по што мораа да бидат префрлени со полициска придружба во Скопје.

 

 

Многу сопственици на хотели во главниот град одбија да ги сместат, но најдоа сместување од неколку дена по што сега ќе бидат сместени во Охрид во хотел во Лакочереј.

Сепак и таму не се добредојдени, бидејќи мештаните на оваа охридско село се организираат на протест и ќе бараат членовите на Лев Тахор да си заминат.

Од МВР и натаму уведуваат дека оваа група е со легален престој и привремено престојуваат во државава. Тие потенцираат дека членовите на групата не се опасни по заедницата.

Loading...

Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.