По гршека пукано во бебе при крвава пресметка во САД (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

11-месечно девојче е во критична состојба откако во средата вечерта за време на вооружена пресметка во Бронкс било погодено од заскитан куршум во лицето.

Loading...

Бебето седело во автомобилот со својата 32-годишна мајка кога пукањето се случило нешто пред 19 часот во населбата Фордам Манор.

На видеото се гледа како осомничениот маж бега од друг и поминува покрај продавницата.

Друг маж пукал во бегалецот, а при размената на оган бебето било погодено во левиот образ.

Во инцидентот мајката останала неповредена, а двајцата осомничени се во бегство, пишува Дејли Мејл, а пренесува Блиц.

Бебето е последната жртва на бранот насилство во градот, а новиот градоначалник Ерик Адамс е решен да се справи со криминалот.

Девојчето, кое во петок ќе наполни една година, е пренесено во болница во критична, но стабилна состојба. Адамс ги посети мајката и детето во болница во средата навечер, изјави неговиот портпарол.

„Дејли мејл“ наведува дека Адамс, поранешен полицаец, бил избран откако во кампањата ветил дека ќе го намали криминалот, но дека престрелките продолжиле да растат во првите две недели од неговиот мандат. Во текот на изминатата недела имало 52 престрелки и 57 жртви, што е зголемување за 15,6 отсто во однос на 2021 година. Споредено со цела минатата година криминалот е зголемен за 35 отсто.

Loading...

Адамс го опиша пукањето во кое ранетото бебе беше „повик за будење“ и рече дека тие „одбиле да го предадат градот Њујорк на насилство“.

– 11-месечно бебе било застрелано во Бронкс. Ако не е повик за будење, не знам што е. Незамисливо е вакво нешто да се случи во нашиот град. Но, тоа се случи. Лидерите на сите нивоа ги напуштија градските улици. Нема. Одбивам да го предадам градот Њујорк на насилство, изјави 61-годишниот Адамс на социјалната мрежа Твитер.