По два пропаднати тендери, „Куманово гас“ успеа да обезбеди гас за три месеци

Сподели со своите пријатели

По два пропаднати тендери, Јавното претпријатие „Куманово гас“ успеа да се снабди со природен гас потпишувајќи договор со „Макпетрол ПРОМ-ГАС Скопје“ за месеците февруари, март и април.

Loading...

– ЈП „Куманово Гас”- Куманово ве известува дека сите потрошувачи и корисници на природен гас, кои имаат склучено договор со нашето претпријатие, по два паднати тендери во законски предвидени рамки и постапки, потпишан е Договор со снабдувачот на природен гас „Макпетрол ПРОМ-ГАС Скопје“ за месеците февруари, март и април, со што е обезбедена потребната количина на гас за наведените месеци, стои во соопштението на претпријатието.

Како што потенцираат, постигнат е и договор за понизок депозит што ќе овозможи да останат средства за изградба на инфрструктура во градот.

– Воедно е надминат проблемот со барањето на снабдувачот за зголемување на депозит и постигнат е договор за понизок депозит, со што се ослободени средства, кои можат да се наменат за изградба и доградба на инфраструктурата за гасификација на Куманово, а согласно планот и програмата за 2022 година, се потенцира од ЈП „Куманово гас“.

Сепак оваа јавно претпријатие, доставило писмено барање до централните власти да им излезат во пресрет со субвенционирање, откако цената на природниот гас драстично скокна.

– Исто така Ве известуваме дека на ден 24.01.2022 година писмено се обративме до претседателот на Владата на РСМ, секретарот на Владата и министерот за економија со соодветно образложение на проблемите, настанати од зголемената цена на природниот гас за ЈП и за крајните корисници, односно за граѓаните и воедно побаравме горенаведените субјекти да имаат слух и да излезат во пресрет со соодветно субвенционирање во однос на зголемената цена на посочениот енергенс, стои во соопштението.

Никола Ивановски