По четврти пат Атлетски митинг „11 Октомври“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово во недела ќе биде домаќин на четвртиот традиционален Атлетски митинг „11 октомври“ кој на Атлетската патека во Соколана ќе ги собере сите атлетичари рекреативци и професионалци, членови на Атлетски клубови од целата држава.

Спортскиот хепенинг е во организација на Атлетски клуб Куманово, а со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови и Атлетската федерација на Македонија. Програмата која е со натпреварувачки карактер ќе започне во 11 часот, а ќе биде поделена во неколку делови.

Имаме школска програма во која ќе имаме учество на деца од одделенска настава, значи родени 2006та и помлади – цицибани ќе има трка на 200 метри, потоа ќе се одржи трка за дечиња од шест и седмо, посебно машки и женски и осмо и девето посебна трка. Потоа имаме главна атлетска програма. Главната атлетска програма ќе вклучи дисциплини 60 метри машка и женска конкуренција фрлање ѓуле, 600 метри ќе има за жени, 1.500 ќе има за мажи. Потоа ќе има скок во височина во машка и скок во далечина во женска конкуренција. Ќе има исто рекреативна трка која ќе вклучи и машки и женски на 1.000 метри, така што тоа е некоја попривлечна патека што можат да ја завршат должина што можат да ја завршат и некои кои не се толку спремни, значи исклучиво неатлетичари значи неспортисти што не се на таа трка и веќе традиционална трета година по ред што се одржува фамилијарната штафета три пати во 200 метри во која учествуваат две деца и еден родител или двајца родители и едно дете. Измените се по 200 метри и таа е обично најголема атракција на овој натпревар – изјави Филип Колевски, тренер на Атлетски клуб Куманово.

Освен училишта од Куманово во шкослката програма се очекува учество и на ученици атлетичари од останатите делови на Македонија. Мерењата на резултатите ќе се врши електронски со системот на Атлетската федерација на Македонија, а за најдобрите спортисти ќе следуваат соодветни награди и признанија.

 

Loading...