По 84 години ја вратил книгата во библиотека

Сподели со своите пријатели

Маж од Луизијана избегнал драконска парична казна со тоа што во библиотеката ја вратил книгата која била позајмена пред 84 години.

– Подобро покасно да се врати книгата, отколку никогаш, зар не? Имавме случај кога мажот вратил книга на нашата библиотека откако неговата мајка ја позајмила во 1934 година, кога имала 11 години, наведуваат од меморијалната библиотека во Шривпорт.

Оваа библиотека е сместена во една зграда, но во две различни држави (фото)

Инаку се работи за делото „Spoon River Anthology“ од авторот Едгар Ли Мастерс.

– Човекот ја чистел куќата на родителите кога ја пронашол книгата која подоцна одлучил да ја врати, а ни рече дека тоа исто би го направила и неговата мајка доколку е жива, рекол Џеки Моралес, помошник директор на библиотеката.

Книгата требало да биде вратена уште на 14 април 1934 година.

Leave a Reply