По 4. пат протест пред УЈП Куманово против двојно оданочување на странските плати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По четврти пат денеска пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово се одржа протест против двојното оданочување на странските плати.

 

 

На протестот и денеска излегоа печалбарите кои работеле низ американските воени бази на Блискиот исток, а кои државата сега бара да платат данок за нивните плати од 2020 година.

 

 

Барањата и денеска останаа исти, меѓу кои да бидат ослободени од плаќање данок, оти 183 дена биле надвор од државата, а воедно компаниите за кои работеле веќе платиле данок во матичните држави.

 

 

Побараа УЈП по службена должност да обезбеди потврди од даночните служби на Ирак и Авганистан, оти тие сами не можат да одат таму за да добијат таков документ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена се заканувала на 24-годишна кумановка

 

 

Остануваат на барањето за јавна средба со премиерот Христијан Мицкоски и директорката на УЈП Елена Петрова, но и со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

 

 

Протестите продолжуваат до петок, при што ќе биде блокирана крстосницата пред УЈП Куманово во период од 14 до 16 часот.

 

Никола Ивановски