По 28 дена минати во кома медицинска сестра „стана од мртвите“ со помош на вијагра

Сподели со своите пријатели

Моника Алмеида (37) е британска медицинска сестра која боледува од астма и едвај преживела тешка форма на коронавирус.

Loading...

Медицинската сестра Моника Алмеида (37) од Гејнсборо успеала да преживее тежок облик на коронавирус, а неочекувано и помогнала вијаграта, лек кој се дава за лекување на еректилна дисфункција!

Имено, оваа мајка на две деца и покрај тоа што примила две дози вакцина против коронавирус, имала потешка форма на ковид 19 бидејќи боледува од астма.

Таа добила позитивен тест на 31 октомври, а во болница била примена на 9 ноември.

 

 

Нејзината состојба наеднаш се влошила и колегите ја ставиле во индуцирана кома на 16 ноември.

Loading...

Таа била во кома 28 дена и три дена откако била исклучена од апаратот кога властите во болницата во округот Линколн решиле да и дадат вијагра.

Нејзината состојба се подобрила за неколку дена, таа се разбудила од кома и била извадена од вентилаторот.

По пристигнувањето во болницата, Моника им дала дозвола на своите колеги да пробаат третман со вијагра доколку е потребно. Овој лек овозможува поголем проток на крв во целото тело, благодарение на тоа што ги опушта ѕидовите на крвните садови.

– Вистинско божиќно чудо е што се разбудив. Отпрвин не верував дека вијаграта ме спаси. За 48 часа ми се отворија бронхиите и белите дробови почнаа да реагираат – вели Моника.

 

 

Лекарите тврдат дека нејзината ситуација била сериозна и затоа ги повикале родителите од Португалија да дојдат да се простат со неа, бидејќи се сомневале дека ќе преживее.

Loading...

Во краен случај, лекарите решиле да и дадат вијагра за да и го зголемат нивото на кислород во крвта.

Виагра се дава на пациенти во Велика Британија само со нивна согласност. Тоа е експериментална процедура која се применува само во најтешките случаи.

Моника ги поминала новогодишните празници со сопругот Артур и синовите (9 и 14 години). Свесна е дека ќе поминала многу полошо поради нејзината хронична болест доколку не била вакцинирана:

– Некои сѐ уште тврдат дека вакцината убива луѓе. Не негирам дека има нуспојави, но има многу повеќе што починале, а не биле вакцинирани. Вакцинирајте се, да не примив две дози немаше да славам Нова година – убедена е таа.