По 25 години „Титаник“ се враќа во кината

Сподели со своите пријатели

Помина четвртина век од кино прикажувањето на култниот филм „Титаник“ со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во главните улоги.

Loading...

Џејк и Роуз се судбински пар чија романса се одвива и завршува на познат, најсовремен предвоен брод кој потона во 1912 година.

Сега, 25 години по создавањето на познатиот наслов, снимен врз основа на мотиви на вистински настан, авторите на филмот, предводени од режисерот Џејмс Камерон, на светската кинематографија ѝ носат ремастерирана верзија на филмот „Титаник“ во 3D формат и 4K резолуција.

 

 

Филмот со совршен звук и кристално чиста слика домашната публика ќе може да го гледа од 9 февруари.

„Титаник“ на Џејмс Камерон е епска акциона драма, базирана на вистинска приказна, која ја прикажува романсата помеѓу дамата од високото општество Роуз и сиромашниот дечко Џејк.

Loading...

Еден од трите бродови на британската компанија „Вајт стар лајн“, како најголем патнички брод некогаш изграден до 1912 година, од кој се очекуваше целосна безбедност, на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк удри во санта мраз и потона во Северен Атлантик, земајќи со себе повеќе од 1.500 животи.

Во 1997 година, холивудскиот режисер Џејмс Камерон сними безвременски хит, кој подоцна освои 11 Оскари, вклучувајќи ја и престижната златна статуетка во категоријата за најдобар филм на годината.