По 23ти пат ОО СДСМ организира палење на бадниковиот оган

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ Куманово утревечер со почеток во 21 часот ќе го организира 23то по ред одбележување на Бадник со палење на бадниковиот оган на градскиот плоштад во Куманово.

Најпрвин сакам да ви ја честитам Новата година, и да ви посакам многу успех на сите полиња, како и успешна соработка во оваа година.

Општинската организација на СДСМ и годинава организира традиционално палење на бадниковиот оган на Градскиот плоштад. По 23ти пат на сите граѓани утре ќе бидат поделени осветени бадникови гранчиња, лепчиња со еден златник и десет сребреника и топло напитоци. На овој празничен ден од свое лично име и од името на Општинската организација на СДСМ ги повикувам сите наши сограѓани во мир, радост и спокој да го дочекаме Христовото раѓање – рече Томица Илиќ од Општинската организација на СДСМ.

Традиционално бадниковата вечер се организира секоја година во пресрет на раѓањето на Исус Христос, односно големиот христијански празник Божиќ.