Ресторанот „Грација“ беше домаќин на 15-то издание на гастрономската манифестација „Пивтијада 2017“, која се одржува во организација на Мултимедијален центар „Карпино“.
На манифестацијата беа присутни граѓанските организации, политички партии, како и градоначалникот на Општина Куманово кој заедно со Советот на општината се покровители на манифестацијата.
На сите присутни градоначалникот Зоран Дамјановски им го честита празникот и им посака здравје и среќа, заблагодарувајќи им се на оние кои учествуваат во организацијата на оваа манифестација – рече Дамјановски.
Активноста на Мултимедијалниот центар „Карпино“ кој е негувател на некои традиции од православието, а масовното присуство на граѓаните покажува дека православието е пред се – рече Дамјановски во своето обраќање.
Најубавата пивтија ја подготви 37-годишната Бетка Пешевска.
Првпат учествувам на манифестацијата. Нема посебен рецепт за пивтија, најбитно е убаво да се измие, да се вари неколку часа и убаво да се декорира, изјави Бетка Пешевска, првонаградена на „Пивтијада“.

