По 15 години брак, дознала дека нејзиниот сопруг всушност е геј

Сподели со своите пријатели

Британката Каролин Хобдеј отворено зборуваше за врската со нејзиниот поранешен сопруг во емисијата „Steph’s Packed Lunch“. Имено, тој по 15 години брак ѝ открил дека е хомосексуалец

Loading...

Нивниот брак бил лага, а таа најмногу се обвинува себеси за работите што не вродиле со плод. И покрај фактот дека тој конечно ѝ рекол дека сака мажи, Каролин признава дека таа воопшто немала идеја за такво нешто.

Тие се запознале во 2000 година на курс, а се венчале истата година.

– Сè беше совршено нормално, ние бевме навистина среќни, тој беше одличен човек, забавен, имавме многу заеднички работи и одлично се сложувавме. Тоа беше остварување на моите соништа – рече Британката.

Но, како одминувало времето, Каролин започнала да забележува растечки раскол меѓу нив. Им недостасувала интимноста.

– Не сфатив дека нешто ми недостасува во бракот и дека нешто не е како што треба сè додека не влезе некој друг во мојот живот и не ме направи свесна за тоа. На крајот го изневерив сопругот со таа личност, па затоа сметав дека крајот на нашиот брак е целосно моја вина. Го носев тоа чувство на вина многу долго – призна таа.

Му доаѓаа пораки од маж

И покрај аферата, таа продолжила да живее со нејзиниот сопруг уште шест години, сè додека не ја открила неговата тајна.

Loading...

– Неговото однесување започна да се менува. Сфатив дека запознал некого и мислев дека само продолжува понатаму. Тогаш забележав дека добива пораки од маж и решив да го замолам да ми објасни што се случува“, рече Каролин.

Заедно со болката, таа исто така почувствувала олеснување затоа што многу работи во нивниот брак конечно станале јасни. Таа била тажна за него затоа што тој ја криел својата сексуалност.

„Јас му бев втора сопруга, па низ тоа минувал веќе некое време – нагласи таа.

Болка, тага, емпатија и лутина

Меѓутоа, како одминувало времето, нејзината емпатија се претворила во гнев.

– Се чувствував како заедничкиот живот да е лага. Сè што знаев е лага, сите тие љубовни писма и честитки, сите убави моменти што ги доживеавме. Почнав да преиспитувам сè – објаснува таа.

На крајот, таа се смирила со своите чувства и останале во пријателски односи со нејзиниот поранешен сопруг.

– Не велам дека беше лесно, не комунициравме некое време додека бев многу лута, но тоа е затоа што се чувствував како да ми го украдоа животот. На крајот, ги зедов предвид сите негови квалитети, па морав да изберам дали ќе ги фрлам на ветер тие 15 години или ќе добијам нешто со нив – рече таа.

Loading...

Таа сè уште го сака, но како пријател

И покрај сè, нејзиниот поранешен сопруг сепак бил личноста во која се вљубила. Сфатила дека сè уште го сака, но на сосема поинаков начин. Пријателството со него значело повеќе од болката и лутината што ги чувствувала.

Таа објасни дека нејзиниот поранешен сопруг е 11 години постар од неа и дека тој криел дека е хомосексуалец затоа што пораснал во 60-тите години.

Каролин тврди дека целото искуство ја зајакнало за идните врски.

„Сега знам дека ја имам таа внатрешна сила да преживеам такви работи. Дури и ако некој ја предаде мојата доверба, сега знам дека можам да ја надминам”, заклучи таа.

Leave a Reply