Цели 13 часа траеше 20. седница на Советот на Општина Куманово. Започна рано утринава, а заврши нешто пред 23 часот вечерва.
Loading...
На денешната седница беа изгласани програмите за работа на Јавните претпријатија „Водовод“, „Чистота и зеленило“, „Куманово паркинг“ и „Куманово гас“, Градинката „Ангел Шајче“, а од 30те точки на дневен ред копјата најмногу се кршеа на програмата за културни манифестации за 2019. година и Буџетот на општината.
По напнатата атмосфера на дискусиите, советниците за крај си честитаа Нова година, а ние се надеваме дека во интерес на јавноста, седниците во 2019. година нема да бидат толку долги.
Подетално за донесените одлуки читајте на нашиот портал во текот на утрешниот ден.