По 11 пат „Рома труба фест“ во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово во понеделник ќе имаат можност да уживаат во звукот на трубата на 11-то издание на фестивалот „Рома труба фест“.

Фестивалот на лимено-дувачки инструменти е под покровителство на Оптина Куманово, Министесртво за култура, а во организација на уметничкото друштво „Рушит Шакир“.

Како и секоја година крајот на август и почетокот на септември е одржува овој фестивал за кој има голем интерес кај граѓаните на Куманово, бидејќи овој вид на музика е типичен за оваа поднебје и има голем број на фанови на оваа музика. Карактеристично за овој фестивал е што оваа година имаме поголем број на состави, имаме негде седум состави, четири пејачи до Србија и Македонија – истакна градоначалникот Дамјановски.

 

Програмата започнува во понеделник во 19 часот, а честа да ја отворат ќе имаат нашата музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ, победникот на „Пинкове Ѕвезде“ Мите Стоилков, кои ќе настапат со Ферус Мустафов и Горан Кукиќ.

Секоја година инсистирам да бидат присутни сите најдобри оркестри и некои квалитетни пејачи и ѕвезди од Македонија. Тука е Џамбо Агушев, 11 година по ред, исто така со него ќе настапи Соња Николова, македонска ѕвезда која ќе биде интересна и атрактирвна за сите гледачи. Гости од Србија ќе бидат Дарко Станковиќ, оркестарот на „Исидор Зечировиќ“, Саша Пантиќ од Пирот, тие се познати од Србија кои зедоа учество во Гуча и победија во повеќе категории – рече Самет Салиовски, претседател на уметничкото друштво „Рушит Шакир“.

 

Од македонските оркести свои настапи освен Џамбо Агушеви ќе имаат и Уска Кан Кантуров од Берово, Кемал Асанов од Струмица и Млади таленти од Штип.