Летото е пред нас, а поголемиот дел ги фаќа паника како ќе изгледаат во костимите за капење за некој месец. Меѓутоа, зошто да го чекаме летувањетопод стрес, кога веќе сега може да скокнете во базенот и да пливате.
Пливањето не само што е една од најздраите, туку и најделотворните активности кога е во прашање ослабнувањето, што го покажале и бројни истражувања.
Според едно истражување, спроведено на 1.200 испитаници на Универзитеот во Колорадо, само 30 минути секојдневно пливање во било која стил доведуваат до губење на телесна маса. Резултатите покажале дека 87 отсто од пливаите од двата пола ослабнале 2 до 4 килограми за 30 дена, притоа не менувајќи го начинот на исхрана, што поголемиот дел ги потикнало да продолжат со пливањето и по завршувањето на испитувањата.
Кога се плива во подолг период, резултатите се уште поимпресивни. Така Универзитетот во Торонто ангажирал 1.700 испитаници , кои пливале 12 месеци, притоа само три пати неделно по 30 минути. На крајот на истражувањето, осабнале дури 92 отсто од пливачите, од кои 51% повеќе од 15 килограми.
Откако експериментот бил завршен, 89 отсто од нив редовно продолжиле да пливаат и ја задржиле стекнатата линија, а поголемиот дел рекле дека животот повеќе не можат да го замислат без овој спорт.
Овие резултати не треба да изненадат, со оглед дека науката одамна утврдила дека на пливањето трошиме околу 320 калории за 30 минути, што е повеќе од одење или возење велосипед во ист временски период, а притоа скоро целосно е исклучена можноста за повреди.
Ангажирањето на сите мускули допринесува до подобра кондиција, а интересно е што истражувањата покажале дека редовните пливачи со текот на времето станале поактивни и на суво, па поголемиот дел започнале да се движат и да избегнуваат седење, кое е погубно не само залинијата, туку и за целокупното здравје.
Пливањето притоа нема да ве изгладне како некои други спортови, но затоа ќе ви пружи можност повремено да јадете и нешто слатко, а тоа да не се одрази на вашата линија. Да не зборуваме за тоа дека на овој начин исчезнува целулитот затоа тшо движењата во вода се поделотворни од било којра крема.