Пливањето е добро за сите, а особено за постарите лица

Сподели со своите пријатели

Престојот на вода и во вода е добро за сите генерации, а особено за постарите лица. За нив тоа не е само рекреација, туку и можност за вежбање без болка.

Loading...

Сепак, секогаш треба да ги имате предвид сите препорачани безбедносни мерки кога престојувате на водни површини наменети за пливање.

Исто така, пред каква било форма на физичка активност, вклучувајќи пливање, потребно е да разговарате и да се консултирате со вашиот избран лекар, во врска со фреквенцијата и интензитетот на пливање, бидејќи тој е оној кој е најдобро информиран за здравјето на неговите пациенти.

 

 

Пливањето го намалува ризикот од остеопороза. Кај жените во менопауза, густината на коските се намалува и тие стануваат по кревки. Пливањето го забавува овој процес и ја подобрува густината на коските.

Пливањето ја подобрува силата на целиот организам. Комбинирање на вежби за пливање и вода (аквабик е најбезбеден и најдобар начин за зајакнување на силата), им овозможува на постарите лица да ја постигнат и одржат посакуваната телесна тежина, да ја подобрат рамнотежата и со тоа да го намалат ризикот од пад.

Loading...

Пливањето ја подобрува силата и здравјето на кардиоваскуларниот систем. Позитивно влијае на намалување на високиот крвен притисок, ја подобрува циркулацијата и ги намалува ризиците од срцеви и белодробни заболувања.

 

 

Пливањето, исто така, позитивно влијае на мозочната активност, подобрувајќи ги менталните способности.

Пливањето добро влијае и на зглобовите. Секој што има искуство со болка во зглобовите знае како да ја намали болката за време на пливање.

Пливањето исто така има корисен ефект врз мускулниот тонус. Бидејќи водата е 12 пати подебела од воздухот и дава поголема отпорност при движење, пливањето е одличен начин за вежбање за стари лица.

Пливањето го намалува стресот и менталната напнатост.

Loading...

Пливањето има корисен ефект врз флексибилноста и подвижноста на телото, карактеристики кои не треба да се врзуваат само за младоста.

Генерално, пливањето го подобрува квалитетот на животот.