Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен го играат последниот натпревар од регуларниот дел од домашниот шампионат.
За противник ќе го имаат најтрофејниот клуб во македонската кошарка, тимот на Работнички, кој оваа сезона се мачи да се консолидира, но и натаму може да биде незгоден противник за избраниците на Марин Докузовски.
Станува збор за исклучително важен натпревар од кој ќе зависи дали кумановци ќе продолжат во пелј-оф завршницата со најдобрите шест екипи, или ќе се борат за опстанок во суперлигата со најлошите шест.
Тоа ќе зависи и од некои други натпревари, со оглед дека Тиквеш, Чаир и Куманово имаат ист број бодови, а екипите на Кожув и Баџари имаат само еден поен повеќе од нив.
Од тие причини сите утрешни натпревари од последното коло од регуларниот дел, ќе се играат точно од 18 часот.
Никола Ивановски

