Плажите во украинскиот приморски град Одеса летово ќе останат затворени поради опасност од мини, изјави денеска шефот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко.
– Наша главна задача е да спасиме животи на луѓе. Затоа заедно со градскиот совет на Одеса е донесена одлука плажите да останат затворени – рече Марченко во видеото објавено на Телеграм, пренесува ТАСС.
Според него, веќе имало неколку смртни случаи предизвикани од пловечки мини, а овие трагедии се случиле „како резултат на игнорирање на безбедносните барања и барањата на администрацијата“.
На 27 јуни, градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека властите се ангажирани во проект за создавање безбедни зони на плажите во градот, со оградување на одредени области со мрежи.
Како што рече Труханов, ниту Националната полиција, ниту полициските патроли или општинската стража не можат да се справат со зголемениот број капачи.