Иако е полуостров Касандра или првиот крак на Халкидики, тој е убедливо најпосетуваниот дел од грчкото приморје кога се во прашање туристите од Македонија, многумина не знаат дека таму се наоѓа и една доста необична плажа, која никогашне изгледа исто.
Во прашање е Посиди, која се наоѓа покрај истоименото место Посиди на Касандра, некои седум километри од местото Скала Фоурка и девет килоетри од Мола Каливе.
Оваа плажа со најситен бел песок и топло море претставува навистина едно доживување за посетителите затоа што поради плимата и осеката, песокот кој морето го довлекува и одвлекува, плажата константно го менува својот облик и големина.
Некогаш крајно десниот дел скоро и потонова во морето и не се гледа, а некогаш повторно се појавува но во поинакви облици од претходно.
Loading...