Платила 15.000 долари за операции, сега не се ни сеќава како изгледала порано

Сподели со своите пријатели

Манекенката на Onlyfans, Кендис Клос од Њујорк е опседната со својот физички изглед, а во неодамнешната изјава за странските медиуми изјави дека сака да го врати природниот изглед по бројните естетски операции.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Candice ♡ (@candice_kloss)

 

Пред две години оваа 21-годишна девојка ги започна своите трансформации, со цел да направи човечка кукла од себе. Овој потфат ја чинел 15.000 американски долари, а како што вели сега, не се ни сеќава како изгледала порано.

Изгледа дека пластичниот изглед на човечката кукла и бил премногу, а сега, вели, сака да се „ослободи“ од ефектите на естетската хирургија, но и од бројните ботокси кои ги добила во периодот на трансформација.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Candice ♡ (@candice_kloss)

 

Еден од интересните факти е дека оваа манекенка на OnlyFans има коефициент на интелигенција 137. Во таа прилика таа во една прилика за странските медиуми изјави дека нејзините училишни денови не биле толку тешки како на другите деца, бидејќи имала добра фотографска меморија. Кендис Клос, која работи како модел на OnlyFans, се приклучила на организацијата „Менса“ на само 17 години, а како што вели, повеќето паметни мажи се чувствуваат загрозени поради нејзината интелигенција.

Во интервју за „Мирор“, Клос изјави дека голем број луѓе не ни знаат за нејзиниот коефициент на интелигенција, бидејќи таа воопшто не зборува за тоа. „Некои од моите блиски пријатели знаат, но бидејќи сме толку блиски, мислам дека тоа не го менува нивното општо мислење за мене“, изјави таа за Mirror.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Candice ♡ (@candice_kloss)