Претежно жените се оние кои почесто одат на естетски корекции, но далеку од тоа дека нема мажи кои „одат по нож“ поради нивната убавина.
View this post on Instagram
Таков пример е ѕвездата на социјалните мрежи, Левај Џед Марфи (24), кој потрошил 35.000 евра, за да изгледа како филтер на Инстаграм.
View this post on Instagram
Поточно, му се допаднал филтерот на Инстаграм кој покажува како ќе изгледате по пластична хирургија толку многу што тој решил да се оперира за да изгледа токму така!
View this post on Instagram
Првата корекција ја направил на само 19 години, кога ги зголемил усните, а потоа ставил филери во образите, брадата, јагодиците, го оперирал носот, ги скратил забите и направил очи како на мачка.
View this post on Instagram
„Сакам да привлекувам внимание, дури и со моето работење. Го покажувам своето закрепнување на социјалните мрежи со цел да го свртам вниманието кон себе”, признава овој млад човек.
Тој откри и кога и како одлучил дека сака да го смени својот изглед.
View this post on Instagram
„На Инстаграм има филтер кој ви покажува како би изгледале после пластична операција и ми се допадна тоа што го видов. Ги разработив сите различни процедури што беа прикажани во филтерот, а потоа започнав да ги правам“.
View this post on Instagram
Ако имате прашање за тоа од каде добил пари за да финансира толку многу операции, Ливај и неговото момче Камерон водат профил на страницата „Onlyfans“, а на „ТикТок“ има повеќе од два милиони следбеници.
View this post on Instagram
Тој признава дека бесплатно добил некои естетски процедури поради неговата популарност на социјалните мрежи.
„Поради мојата популарност на социјалните мрежи, сега добивам филери бесплатно, што ме спаси. Моето лице многу брзо се досадува и сакам да го менувам својот изглед”, изјави Ливај, кој признава дека не секој го сака неговиот изглед, па затоа тој често добива на социјалните мрежи и многу грди коментари.
View this post on Instagram
„Искрено, толку сум навикната на тие ужасни коментари што не сфаќам ништо лично. Мајка ми и момчето целосно ме поддржуваат во сè што правам и тоа ми е најважно”.