Пластичната кеса од денеска станува луксуз, енормни казни за непочитување на законот

Сподели со своите пријатели

Пластичната кеса од денеска станува луксуз. Со оглед дека ќе чини 15 денари по парче, ќе може да си ја дозволат само оние со подлабок џеб.

Loading...

Онаа што треба да ја платите 15 денари сепак не треба да биде обична како досега, туку биоразградлива.

Сето ова е предвидено во новиот Закон за управување со пакување и отпад. Законот треба да ја намали загаденоста на околината со пластичен отпад, но нејасно е како тоа ќе се стори ако се земе предвид дека апсолутно сите производи од храна, сокови или било кои прехрамбени продукти всушност се спакувани во пластични амбалажи.

Според институциите овој закон треба ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба.

 

 

Високи глоби за непочитување на законот

Loading...

Секое непочитување на овој закон повлекува и глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра за микротрговци, од 18.000 до 20.000 евра за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра за средни трговци и од 89.000 до 98.000 евра за големи трговци за прекршок на правно лице според прекршочни санкции од прва категорија, доколку податоците од евиденцијата на квартална основа на бројот на продадените кеси не ги пријавува кај стручниот орган согласно членот 10 став (5) од овој закон, пишува во Законот.

Според прекршочни санкции од втора категорија, глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра за микротрговци, од 25.000 до 28.000 евра за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку пушта на пазар пластични кеси за носење стоки спротивно на членот 10 (кој забранува пуштање пластични кеси во употреба), произведува и/или пушта на пазар пакувања кои не се изработени согласно барањата од членот 12 од овој закон и уште многу други потточки, велат во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Никола Ивановски