Планинарска акција на Ѓуриште за Ден на ослободување на Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението на планинари ЗПЗП „Козјак 2019“ претстојниот викенд со планинарска акција на Ѓуриште ќе го одбележи Денот на ослободувањето на Куманово.

Loading...

Акцијата ќе се реализира в недела со почеток во 8, а тргнувањето ќе биде еден ча претходно од пред ресторанот „Жмара“.

– Поголемиот дел од патеката се оди во висока дабова шума од каде се навлегува и во предели со ниска дабова шума со стрмни падини, а мал дел се оди и по колски пат и има маркација по целата патека.Должината во двата правца на акцијата е околу 19 км,по пат ќе има неколку кратки паузи и по една поголема во манастирот „Св.Петка„ и на врвот на Пирамидата од кај има прекрасен поглед на околните села и врвови, информираат организаторите.

Поаѓање од врвот за назад е во 11:30 и по истата патека рутата продолжува до селото Градиште.

– Лесна, но долга патека, достапна за одредена група на луѓе со добра здравствена состојба и има потреба од основно планинарско знаење и кондиција. Вкупното времетраење на акцијата се планира да е 6 часа, од кои не повеќе од 5 часа активно движење. Од опрема задолжително да се носи разгазени планинарски чевли- водоотпорни гојзерки,превентивно кабаница за дожд, а бидејќи може да има и почетници, се потенцира облекувањето да биде во слоеви според временските услови и се препорачува да се има и планинарски стапчиња, препорачуваат организаторите.

Учесниците во акцијата ќе треба да понесат и храна доволна за еднодневна акција според количините и потребите надополнета со сендвич, суво овошје, чоколадо и вода минимум од 1,5 милитри со оглед дека единствено место каде може да се надополни вода ќе биде кај манастирот „Св. Петка“.

Превозот ќе биде организиран со приватни возила, а целата тура ќе се одвува според здравствените протоколи за заштита од Ковид-19.

Акцијата е предвидена за средно искусни планинари.

Loading...

– Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба. Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана. Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици. Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема, стои во соопштението.

Пријавување за учество во акцијата е до сабота најдоцна до 12 часот (6.11.2021), а сите заинтересирани тоа можат да го сторат на следните телефонски броеви: Ангела – 078200450, Марјан – 071387227 или Бети – 076211817.

Следниот викенд, како што најавуваат од ЗПЗП „Козјак 2019“ во рамките на одбележување на Денот на ослободување на градот ќе се спроведе и акција за пошумување на орашачкиот крај чии шуми летово страдаа во разорни пожари.

Никола Ивановски