Пиво, ракија или вино? Еве што изборот на пијалакот вели за вашиот карактер!

Сподели со своите пријатели

Во истражувањето на психологот Питер К. Џонсон учествувале 1232 луѓе. Половина од испитаниците се жени, половина мажи со просечна возраст од 45 до 79 години.

Loading...

Испитаниците биле прашани каде и каков вид на алкохолен пијалак најчесто пијат.

 

 

После тоа добиле писмен тест кој требало да одговори на прашања за тоа што работат, дали се задоволни од својот живот, дали имаат доверба во други луѓе и слично.

Потоа, тимот ги разгледал одговорите и дошол до интересни податоци.

Луѓето кои почесто се одлучуваат да пијат алкохол дома често се песимисти и потажни од оние кои тоа го прават во кафулиња и барови.

Loading...

 

 

Оние кои сакаат да се забавуваат со музика и друштво се поекстровертни, а по природа се посреќни и пооптимисти.

Љубителите на пивото и виното се позадоволни од својот живот и поотпорни на сите неволји кои можат да ги снајдат во животот.

Виното го сакаат пристапните и совесните луѓе, пивото оние кои се опуштени и отворени.

Истражувањата исто така покажале дека луѓето кои се склони кон конзумирање на силни пијалаци како што е ракијата често се нервозни и нетрпеливи.

 

Loading...

 

Иако ова истражување е многу интересно, научниците забележуваат дека можеби не е целосно точно и дека се потребни дополнителни истражувања за да се добијат уште порелевантни податоци.

Не е неопходно да се оценува човек само врз основа на чаша алкохолен пијалак во неговите раце, ова се само дел од упатствата, а треба да се направи уште многу за да се процени личноста – заклучиле тие.