Питон каснал маж за гениталиите додека седел на ВЦ школка

Сподели со своите пријатели

Маж од Грац бил каснат од питон додека седел на ВЦ школка.

Loading...

Питонот инаку бил домашно милениче на неговиот сосед, а тој избегал низ канализацијата и завршил во неговата бања.

Полицијата соопшти дека мажот седел во тоалетот кога почувствувал дека некој го „штипнал“ за гениталиите и веднаш скокнал на нозе, а потоа открил дека од тоалетот го гледа албио питон.

 

 

Мажот веднаш повикал полиција, која пристигнала со експерт за рептили кој ја отстранил змијата од местото каде што се криела.

Во меѓувреме, мажот е пренесен во болница со полесни повреди.

Loading...

Лекарите рекоа дека, за среќа, питоните не се отровни, но дека постои опасност местото на каснување да биде заразено со бактерии од тоалетот, пренесува Daily Mail.

Експертот за рептили Вернер Стангл изјавил дека и питонот бил неповреден, а по чистењето му бил вратен на неговиот 24-годишен сопственик.

Сопственикот на змијата не бил свесен дека питонот избегал сè додека полицијата не го вратила, а тој рече дека не му било јасно како змијата успеала да избега.

 

 

Стангл рече дека во неговите 40 години работа со влекачи, тој никогаш не видел ништо како вчера.

Полицијата соопшти дека сопственикот на змијата бил упатен до обвинителот за нанесување телесни повреди од небрежност, но дека не е познато дали ќе биде обвинет.

Loading...

Leave a Reply