Писториус: Украина веднаш ќе ја изгуби војната ако престанеме да испраќаме помош

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус остро предупреди за последиците од прекинувањето на помошта за Украина во одбрана од руски напад.

„Ако утре престанеме да ја поддржуваме Украина, тогаш задутре ќе биде крај на Украина, крај на суверена, слободна држава во средината на Европа“, рече Писториус за време на посетата на Долна Саксонија.

„Украина мора да може да дејствува од позиција на сила и евентуално да може да преговара во одреден момент“.

На сè почестите критики дека поддршката за Украина се намалува со изговор дека „тоа не е наша војна“, Писториус одговори дека помошта не смее да се одложува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили уништија два украински воза

„Точно, тоа не е наша војна, но може да стане наша. Кој го слуша рускиот претседател Владимир Путин, може да дојде само до еден заклучок: Путин се подготвува“, предупреди германскиот министер за одбрана.