Тешка кражба е извршена во стан лоциран на улицата „Веселин Вуевски“ во Куманово, сопственост на педесет и тригодишен И.Д. во периодот од 15 до 19 часот во текот на вчерашниот ден, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.
Сторителот влегол внатре и одзел пиштол калибар 9 мм со две рамки во кои имало околу 30 куршуми, 4.000 денари, 60 евра и поголема количина на златен накит, по што побегнал.
Секторот за внатрешни работи – Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.