Пиштол и куршуми пронајдени во дом на кумановец

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишник од кумановско бил приведен вчера откако дома полицијата му пронашла пиштол и куршуми.

– На 08.12.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.А. (56) од село Черкезе, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол со рамка со седум куршуми.

– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца возачи во Куманово. Возеле со над 1,8 промили алкохол