Пиштол, електрошок и дигитална вага пронајдени на викендица во село Војник

Сподели со своите пријатели

Пиштол, електрошок, дигитална вага и други предмети пронашла и одзела полицијата од викендица во селото Војник, Општина Старо Нагоричане.

– На 16.01.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, по судска наредба, извршија претрес во викендица во село Војник, Општина Старо Нагоричане, сопственост на К.Б. (26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, при претресот биле пронајдени пиштол „застава” калибар 6.35, електрошок, дигитална вага и други предмети.

– К.Б. претходно е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На повеќе места во Куманово ќе се положува Светиот крст за Водици

Никола Ивановски