Пирхотехничар ја подигна гранатата пронајдена во Ајдучка чешма

Сподели со своите пријатели

Гранатата која во сабота беше пронајдена во кумановската населба Ајдучка Чешма била подигната од пиротехничар на Диркецијата за заштита и спасување.

Loading...

– На 30.10.2021 во 16.57 во СВР Куманово, А.М. од Куманово пријавил дека во населбата „Ајдучка чешма“, пронашол неексплодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 82мм, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат оттаму, екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Никола Ивановски