Гледачите на утринската програма на британската телевизија ITV позната како Good Morning Britain се прашуваа зошто водителката, среде временска прогноза, за време на преносот во живо викаше дека „таа не е риба“.
Loading...
Водителката Лора Тобин врескаше од болка додека пингвинот ја гризна ногата во директен пренос, пишува британскиот The Sun.
Метеорологот извикуваше „Јас не сум риба“ затоа што беше прекината при читањето на утринската прогноза.
Британските медиуми пишуваат дека Лора се јавила во живо од одморалиштето и застанала меѓу пингвините додека појадувале.
Сепак, очигледно била фатена неподготвена кога „лут пингвин“ ја гризнал за задниот дел од ногата.