Авионот на „Вирџин Атлантик“ бил принуден да се врати речиси еден час по полетувањето, откако било откриено дека еден од пилотите не ја завршил обуката.
Летот VS3 се свртел речиси еден час по полетувањето од Хитроу за Њујорк, а при лет над Ирска била забележана грешка.
Во рамките на прописите на „Вирџин Атлантик“, пилотите мора да ја завршат обуката и „летот за финална проценка“, што еден од пилотите не го направил.
Изненадените патници на „Ербас А330“ биле принудени да се вратат на пистата на аеродромот Хитроу и да чекаат додека не се најде квалификувана замена.
Пристигнале во Њујорк, но со три часа задоцнување.
„Можевте да ја намалите тензијата во пилотската кабина со нож. Авионот пристигна во Ирска кога беше откриено дека првиот офицер се уште е на обука“, пренесуваат британските медиуми.