Пилотот на урнатиот авион во Непал не пријавил проблем пред да се урне

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на аеродромот во Похара, Ануп Џоши денеска изјави дека пилотот на авионот АТР-72 што се урна во неделата во ридовите во близина на овој непалски град „не пријавил никаков проблем“ кога авионот се приближил до аеродромот за да слета.

Loading...

Џоши изјавил дека видливоста била  добра, дека имало слаб ветер, но дека немало проблеми со временските услови, пренесе Би-би-си.

Имаше 72 патници и членови на екипажот на летот на Jeti Airlines кој одеше од главниот град Катманду кон туристичкиот град Покара.

Официјалните лица велат дека не веруваат дека некој преживеал. Досега се пронајдени 68 тела, а останатите четири лица се водат како исчезнати.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа како авионот се спушта кон аеродромот, а потоа нагло врти налево и удира во рид во близина на реката Сети, на само километар од аеродромот.

Зоши истакна дека пилотот побарал промена на лентата за слетување, од број три на број еден и го добил тоа одобрение.

– Двете писти беа слободни. Авионот имаше зелено светло за слетување. Страшно е што се случи ова, особено што трагедијата се случи 15 дена откако аеродромот беше отворен за јавноста – изјави портпаролот.

Спасувачите претходно изјавија дека се откажале од надежта дека ќе најдат преживеани.

Loading...

Локалниот функционер Тек Бахадур рече дека шансите да се најде некој жив од четирите лица кои се водат за исчезнати се „нула“.

– Досега пронајдовме 68 тела. Бараме уште четворица – изјави Бахадур.

Денеска во Непал е ден на жалост, а владата ќе формира тим од експерти кои ќе се обидат да ја утврдат причината за падот.

Авионските несреќи не се непознати во Непал, особено поради оддалечените писти и наглите временски промени поради влијанието на Хималаите, што може да ги направи условите за летање многу опасни.

Исто така, недостигот на инвестиции во нови авиони и лошите регулативи, исто така, беа споменати претходно како причини за трагедии.

Европската унија им забрани на непалските авиокомпании да летаат над ЕУ поради загриженоста за обуката на пилотите и стандардите за одржување на авионите.