Пијани возачи во Молдавија за казна работат во мртовечница

Сподели со своите пријатели

Во Молдавија имаат голем проблем со возачите кои возат под дејство на алкохол. Тие решиле на најрадикален начин да стават крај на овој проблем.

Loading...

Надлежните им нудат излез на возачите на кои им е одземена дозволата за возење под дејство на алкохол – можат да си ја вратат дозволата доколку платат околу 200 евра (просечната плата во Молдавија е околу 270 евра) и со тоа „да купат билет“ на посебна корективна програма.

Имено, тие во болниците треба да им помагаат на жртвите од сообраќајни незгоди, а кога не им треба помош – што е често – ги пренесуваат на друго одделение.

Потоа треба да помогнат во мртовечницата, извршувајќи ја целата работа што вообичаено се работи таму (помагање во обдукција, транспортирање трупови…).

Програмата започна во главниот град Кишињев во 2019 година со шест возачи кои беа казнети поради возење под дејство на алкохол.

Еден се откажал неколку минути откако почнал со работа во мртовечница, а друг изјавил:

„Ова е најтешката лекција во мојот живот. Завршив со алкохолот, никогаш повеќе нема да пијам, ниту капка. Не сакам да се вратам овде”.

И тоа не е се – кога ќе ја завршат програмата, овие несреќници треба повторно да полагаат возачки испит.

Loading...

Сега во Молдавија објавија дека оваа програма има одлични резултати.

Од 2019 година досега го поминале дури 600 возачи, а потоа забележале само едно „повторување“.

Затоа, само еден од возачите кои поминале низ програмата им се вратил на старите навики за возење во алкохолизирана состојба, од шестотини.

Што мислите за овој начин на казнување?