Петмина возачи од Куманово кои управувале моторно возило под дејство на алкохол биле казнети во акциската контрола на полицијата спроведена вчера.
– На (08/09.03.2022) на подрачјето на СВР Куманово, во периодот од 18.00 до 02.00 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 6 возачи, од кои 5 на подрачјето на Куманово и 1 во Кратово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Засилените акциски контроли, посочуваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски