Една медицинска сестра возела под дејство на алкохол во погрешна насока повеќе од 11 километри (7 милји), избегнувајќи ги возилата што ѝ доаѓале во пресрет, пред да направи полукружно свртување и да се врати на соодветната лента.
Таа се изјаснила за виновна откако тестот за алкохол покажал дека има двојно количество алкохол во крвта од дозволеното.
Пијана кума направи хаос на свадбата: Невестата заврши со крвав нос (ВИДЕО)
Ема Маршал Дејвис признала во полицијата дека пиела вино пред да се врати зад воланот на својот Фолксваген Поло, а потоа по автопатот М4 се упатила кон нејзината куќа, недалеку од Кардиф во Велс, Велика Британија.
Медицинска сестра вработена во болница за ментално здравје се изјаснила за виновна, бидејќи алко-тестот покажал дека има двојно повеќе алкохол во нејзината крв. Таа била осудена на 12 месеци општо-корисна работа и парична казна од 920 фунти (1.016 евра).
Пијана возела три деца, па им покажувала голи гради на полицајците кои ја стопирале
За среќа, нејзиното невнимателно возење не предизвикало никакви последици за другите учесници во сообраќајот.
https://youtu.be/deEH4y5E7hU