Полицаец во Русија се качил низ балонски прозорец за да спаси бебе од неговиот пијан татко кој сакал да го фрли на земја, пишува РТ.
Овие немили сцени се случиле во рускиот град Саранск.
Полицаецот успеал да го спаси животот на петмесечното девојче така што се качил преку соседниот балкон во станот во кој се случувала вистинска драма.
Пијаниот татко го држел бебето за една нога низ прозорецот од својот балкон на третиот кат од зградата. Додека траеле преговорите со полицијата во повеќе наврати се заканувал дека ќе го фрли на земја.
За среќа, полицаецот успеал да се искачи низ отворениот прозорец и да го турне таткото заедно со бебето кон внатрешноста на станот.
Со истрага било утврдено дека пијаниот маж претходно ја навредувал и тепал својата сопруга.
По успешното спасување на девојчето, полицаецот скромно рекол дека не се смета за херот, туку дека тоа е обврска на секој полицаец.
Несреќната сопруга била згрижена со бебето во болница, а на новинарите им рекла дека не разбира како тоа се случило и дека нејзиниот сопруг се до овој инцидент бил „идеален татко“.