Пијан полицаец изгубил истражни документи со информации за 400 луѓе

Loading...
Сподели со своите пријатели

Јапонски полицаец, кој имал премногу за пиење, заспал на улица и изгубил истражни документи со лични податоци на околу 400 луѓе, соопшти полицијата.

Еден 49-годишен полицаец со потекло од западна Јапонија изгубил вреќа со документи во петокот доцна навечер, соопшти локалната полиција, додавајќи дека документите содржеле имиња и адреси на лица кои се под кривична истрага.

Јапонските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека полицаецот излегол да пие со колегите и заспал на улица додека се враќал дома.

Кога се разбудил во близина на железничката станица, не ја нашол торбата и документите со лични податоци на околу 400 луѓе, додаваат медиумите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Само за работници надвор од ЕУ: Оваа земја ќе издаде над половина милион работни визи

Не е првпат вработените во јавниот сектор да прават непријатности поради пијанство.

Така, во јуни на истокот на Јапонија, еден претприемач изгубил торба во која имало USB стик со лични податоци на 460.000 жители на градот Амагасаки.

Бизнисменот излегол на пијачка и на пат кон дома заспал надвор. За среќа, USB-то беше брзо пронајдено.