Пијан офицер се забил со автомобил во борбен авион (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појавија фотографии кои го прикажуваат исходот од судирот меѓу „Фолксваген Туран“ и МиГ-29 во украинската воена база.

Loading...

За време на судирот, за воланот од автомобилот се наоѓал офицер на воздухопловството во алкохолизирана состојба, што предизвикало пожар што му нанел значителна штета на воениот ловец.

 

Командата на украинското воено воздухопловство ги објави деталите за инцидентот кратко време откако се случил на 10 март, но фотографиите се појавија неколку дена подоцна.

Судирот се случил во воздушната база „Василкив“ во централна Украина, каде е стационирана 40-та тактичка воздушна бригада, како и седиштето на Воздухопловната команда.

МиГ-29 бил влечен во моментот на судирот и во него немало пилоти. Возачот е повреден, но по укажата прва помош бил во „задоволителна“ состојба, се наведува во соопштението.

 

Loading...

Полицијата подоцна потврди дека „туранот“ му припаѓал на 47-годишен украински капетан на воздухопловството, кој бил под дејство на алкохол.

Leave a Reply