Пиењето газирани пијалаци го нарушува сонот

Сподели со своите пријатели

Постојаното пиење газирани и други засладени пијалоци е поврзано со хроничната ненаспаност и проблеми со спиењето, предупредуваат медицински лица во напис објавен во списанието Sleep Health.

Loading...

“Сметаме дека во овој случај постои врска, во рамките на која навиката да се пијат засладени пијалоци и да не се спие се засилуваат еден друг. Затоа на луѓето им е исклучително тешко да се откажат од оваа погубна навика. Нашите податоци покажуваат дека со епидемијата од конзумирање на газирани пијалоци, дебелината и дијабетесот можеме да се бориме со тоа што ќе го подобриме сонот “, изјави Арика Пратер од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.

Пратер и неговите колеги стигнале до овој заклучок, набљудувајќи го животот на околу 19 000 луѓе кои се вклучени во национална здравствена програма од 2005 до 2012 година. Учесниците во овој проект не само што редовно давале анализи и минувале полни медицински прегледи, но исто така давале детални податоци за своите навики во исхраната – што пијат и јадат, како и детали од нивниот секојдневен живот, колку добро спијат и др.

Со споредување на податоците за спиење и диетата, лекарите откриле дека луѓето кои често пијат големи количини газирани и други засладени пијалоци, спијат во просек по 5 часа на ден или дури и помалку. Колку повеќе пиеле такви пијалоци, толку посилно изразен бил овој ефект.

Во просек луѓето кои спијат по 5 часа, пијат со 21% повеќе безалкохолни пијалаци отколку останатите Американци. Учесниците кои спиеле по околу 6 часа, пиеле со 11% повеќе од просечната норма. Сличен ефект постои како меѓу сиромашните, така и меѓу богатите Американци и не зависи од работата и социоекономските фактори.

Најинтересно е дека тој се предизвикува само од газираните и слатките пијалаци, но не и од соковите, чаеви и диетални пијалаци кои не предизвикале негативни последици.

Leave a Reply