Видеото објавено од астронаутот Томас Пескет покажува колку е забавно да се подготви оброк во вселената.
Нова капсула со храна пристигна на Меѓународната вселенска станица (ИСС) минатиот месец, а пакетот пица беше меѓу овошјето и зеленчукот.
Меѓународниот тим таму веднаш се фрли на работа и ја направи првата вселенска „пица забава“.
Според порталот „Храна и вино“, во пакетот пристигнале залихи на сирење и тесто за пица, а целиот кулинарски процес го снимил астронаутот Пескет.
„Летечките пици за вечера со пријателите, звучи речиси како сабота помината на Земјата“, напиша тој во описот на своето видео, додавајќи дека добриот шеф никогаш не ги открива своите тајни, но сепак снимал видео за гледачите сами да проценат колку всушност биле добри пиците.
View this post on Instagram
„Се освен ананасот поминува, не сакаме да ги навредуваме Италијанците“, додаде тој во описот на видеото на Инстаграм.
Интересно е и како американската „Пица хаут“ испрати пица до Русинот Јуриј Усачев уште во 2001 година, така што тој беше првиот астронаут кој уживаше во пица во вселената.
Покрај забавата за пица, Меган Мек Артур, астронаут на НАСА, неодамна на своите социјални мрежи сподели како го прославила својот роденден во вселенската станица, а може да се види дека присутните на забавата уживале во храната.
View this post on Instagram