Денеска (25.04.2025) државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари средба со амбасадорката на Република Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ.
Заеднички беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и високото ниво на политички дијалог и соработка и посветеноста за натамошно продлабочување на соработката.
Државниот секретар Петрушевски изрази искрена благодарност на амбасадорката Јовановиќ за несебичната, ефикасната и силната поддршка, како и големата солидарност кои Република Србија ги укажа на нашата земја по катастрофалната несреќа во Кочани и згрижувањето и третманот на дел од повредените.
Во текот на средбата, акцент беше ставено на унапредување на одлично воспоставената соработка помеѓу двете земји односно помеѓу министерствата за внатрешни работи и финализирањето на подготовките за склучување на Договорот помеѓу Владите за воспоставување заеднички контроли на граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце–Прешево. Се разговараше и за актуелни прашања од значење за двете земји, како и за заканите и предизвиците во борба против секаков вид на криминал.
Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од континуиран политички дијалог во насока на продлабочување на севкупната и добрососедска соработка. Истовремено, се спомена и меѓусебното учество во меѓународните организации и регионалните иницијативи (СЕЛЕК, МАРРИ и други) кои се од заеднички интерес и придонесуваат за одржување и зајакнување на регионалната безбедност, стабилност и просперитет.