Петрушевски: Од наша страна беше поднесена пријава до раководителот на секторот за финансии

Сподели со своите пријатели

Откако денеска до јавноста пристигна известување од Финансиската полиција дека вработена во Секторот за финансии на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски, со реакција излезе и директорот на претпријатието кој истакна дека на 27 јули од нивна страна била поднесена пријава до раководителот на финансискиот сектор.

На 27.07. 2016 година од наша страна е поднесена пријава до раководителот на секторот за финансии каде што формиравме по закон за јавни службеници две комисии за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност се обративме до јавно обвинителство во куманово каде што во разговор со јавен обвинител-односно помошникот беше тогаш на работа, ни дадоа насоки со тоа што и писмено и усмен разговор се обративме. Случајот го воедеше финансиска полиција од Скопје каде што имавме два месеци соработка со нив, предадена е целосната документација на нив, утврдена е матаријална штета што е резултат на овие две кривични пријави кои денеска се поднесени која во дисциплинска постапка е суспендирана од страна на јавно претпријатие и од наша страна се преземени сите мерки законски, првин со пријава па со обработка на документација и давање на надлежните органи.

Како што вели Петрушевски, сега постапката ќе оди во Обвинителство и понатаму дали ќе се процесуира во суд ќе одлучат надлежните органи.

фото: архива